Rolls Royce – Wraith

Вести Занимливости Фото

Инспириран од планетава

Кога се има многу пари…

објавено 03 ноември 2020

Последното уникатно остварување нарачано од купувач на Rolls Royce доаѓа од Абу Даби а како инспирацијата е нашата сопствена планета како што се гледа од вселената. Екстериерот е завршен во Кралско сино, што претставува 75% од површината на Земјата што е покриена со вода. Сепак, највпечатлива карактеристика е уметничкото дело на хаубата, кое го прикажува сателитскиот поглед на регионот на Блискиот исток. Центриран на Обединетите Арапски Емирати, панорамата се протега преку Црвеното Море, Арапското Море и Заливот на Оман. Екстериерот е завршен со рачно насликана смарагдно зелена линија што ги вклучува Сонцето и осумте планети на Сончевиот систем – Меркур, Венера, Земја, Марс, Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун. Спротивно на тоа, внатрешната естетика се фокусира на површината на Земјата и на човечкиот и природниот живот што го населува. Седиштата се изработени од кожа од Мокасин за да имитираат песоци во пустините на Емиратите. Колку чини ова задоволство никој не сака да каже.