Mesdames et messieurs, le nouveau Twingo (видео)

Сега на струја

Ова е новиот Twingo, четврта генерација, со официјален суфикс E-Tech во ознаката. Електричен, без бензински варијанти, тој наново ќе го заживее духот на оригиналот од 1992 година кој ги освои срцата на многу купувачи. Едноставниот и симпатичен изглед верно е пресликан во ново модерно издание без да се загуби стилското наследство.


Направен е за главно за град што ги условува неговите габарити – должината од 3,79 и широчината од 1,72 метри. Меѓуоскиното растојание од 2,49 метри пак добиено со сместување на тркалата во самите агли од каросеријата му дава простран и пријатен за престој ентериер. Кому ќе му треба, има багажник од 360 литри.

За погон ќе се грижи електромотор од 82 KS додека батериите со капацитет од скромни 27,5 kWh ќе му овозможат поминување 263 km. Развиен е во рекорден рок од само две години, а најавите на Renault дека ќе има стартна цена под 20.000 евра се сериозни.

Ќе се произведува во Словенија а на пазарот ќе пристигне идната година.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER