Range Rover 50 години (со видео)

Top News Видео Занимливости

Range Rover 50 години

Точно пред половина век Land Rover започна да создава една легенда

Објавено на 22 јуни 2020 година

Британската компанија три години пред тоа увиде прилика за лансирање на модел каков светот не можеше ни да замисли. Прототипите беа направени на основа на постоечкиот Land Rover, од кој ги наследија неприкосновените возни својства. Но сé друго требаше да биде поинакво, со цел да се промени сфаќањето за теренците како работни машини. Го доби името Range Rover и го трасираше патот на луксузот во овој тип возила. Иницијално беше на располагање само со две врати и 3,5 литарски алуминиумски V8 мотор со 130 коњски сили. Имаше класична шасија, постојан погон на сите тркала и четиристепен мануелен менувач без редуктор. И на асфалт се однесуваше одлично, што заедно со надмениот дизајн го направи икона на британското благородништво. Тоа беше доволно и покрај високата цена успехот да му биде загарантиран. После 11 години се појави верзијата со четири врати, а во 1982-рата доби и автоматски менувач. Серијата технички иновации ја продолжи дизел изведбата со 112 коњски сили, која верувале или не, тогаш беше најбрзиот дизел теренец во светот.

Првата генерација на Range Rover остана во производство цели 26 години и од неа беа направени 317.615 примероци.

Видео

клучни зборови: