Пристигнува неговото Величество Cullinan
За една недела светот ќе биде побогат за уште еден луксузен теренец
Објавено на 2 мај 2018 година
Додека Велика Британија е во еуфорија меѓу раѓањето на новиот принц и свадбата на неговиот чичко, автомобилскиот свет е во исчекување на еден луксузен теренец. Името веќе му се знае – неговото Величество Cullinan, а презимето му е Rolls-Royce. Шпионските фотографии откриваат дека Cullinan однадвор нема да биде најелегантен или најубав SUV на светот, но внатрешноста затоа ќе ја одразува филозофијата на марката. Во неа ќе има сé и сешто – од кожни седишта до масички за коктели кои се отвораат со еден допир. Rolls-Royce Cullinan ќе биде поставен на алуминиумската платформа со назив Architecture of Luxury, на које се темели и Phantom. Впрочем, на та архитектура ќе бидат направени и сите останати модели на Rolls-Royce. Во долгата хауба ќе се најде 6,75 литарскиот V12 твин-турбо мотор со 563 KS и 900 Nm. Силината ќе се пренесува преку 9-степен автоматик, а погонот е на сите четири тркала. Повеќе за него идната недела.