Последното танго на Nissan GT-R

Видео насловна Новитети

Конечно во пензија

После 14 години дојде крајот на производството на јапонскиот суперавтомобил

Објавено на 14 септември 2021 година

Nissan GT-R кој во строго ограничени количини се произведува веќе 14 години претставува моќен симбол на јапонската прецизност. Малку се тие што нема да му ги признаат надмоќна во секој детаљ, секој збор во описот и секоја бројка во спецификациите. Својот скоро митски статус започна да го гради уште во 2001-вата со претставувањето на првиот концепт а го стекна четири години подоцна со вториот, од кој произлезе серискиот модел. Уште тогаш на сите им беше јасно дека сé на него е доведено до перфекција и дека подобро од тоа тешко може да биде. Затоа и Nissan GT-R опстана толку време скоро без промени – се доработуваше само суптилно и префинето.

Но и на тоа му дојде крајот – претставена е последната серија после која конечно ќе отиде во пензија. Се одликува со минимални стилски корекции и максимален пакет опременост, заокружени со нови бои. Ќе бидат направени 100 примероци за јапонските и 300 за американските купувачи, по цена од 140 плус-минус неколку илјади долари. Механиката нема преживеано никакви промени – во носот се наоѓа познатиот 3,8 литарски V6 битурбо мотор кој и понатаму се склопува рачно. Своите 565 коњи и 633 Nm преку шестстепен менувач со двојна спојка ги испорачува на сите тркала, забрзувајќи ги до 100 km/h за 2,8 секунди и дотерувајќи ги до максимални 315 километри на час.