После Ateca пристигнува Tarraco
Купувачите избраа – новиот SUV на Seat ќе се вика Tarraco
Објавено на 20 февруари 2018 година
Планиран за покажување подоцна годинава, новиот SUV на Seat ќе се вика Tarraco. Името за него го избраа купувачите, кои на повикот на Seat одговорија во огромен број. Во завршната фаза на иницијативата на шпанскиот производител учествуваа 146.124 луѓе од 134 држави, од кои 51.903 (35,52%) се изјаснија за Tarraco, што е античкиот назив на каталонското место Тарагона. Доста блиску беа поборниците за Avila (41.993 – 28,74%), за Aranda се изјаснија 39.321 (26,91%) учесници во анкетата, а за името Alboran 12.907 односно 8,83%. Tarraco е тринаесетти назив на некое шпанско место кој е искористен за модел на оваа марка. Традицијата ја започна Ronda во 1982 година, а сите ние добро ги знаеме Ibiza, Toledo, Alhambra, Cordoba, Arosa, Leon, Altea…
Со Tarraco Seat го додава третиот нов SUV модел во својата гама, кој ќе има место за 7 патници. Во иницијалната фаза на конкурсот за избор на неговото име од бројните предлози беа избрани девет називи: Abrera, Alboran, Aran, Aranda, Avila, Donosti, Tarifa, Tarraco и Teide. Финалните резултати требаше да бидат објавени на средината на октомври, но заради политичката ситуација во Каталонија тоа беше одложено на неодредено време. Развојот на новиот модел сепак продолжи без застој и тој сега е во својата финална фаза. Неговата официјална промоција ќе се одржи кон средината на годинава, а ќе се произведува во фабриката на Volkswagen во Волфсбург.
видео