Porsche Taycan » Поглед одвнатре

Поглед одвнатре

Porsche слој по слој ни ја открива својата најнова спортска лимузина со електричен погонски склоп која наскоро стигнува на пазарот

Објавено на 22 август 2019 година

Откако веќе неколку пати се појави на разни настани со што беше откриен неговиот надворешен изглед, во јавноста се појави и првата фотографија на внатрешноста на Porsche Taycan. Од неа веќе на прв поглед е јасно дека инспирацијата за креирање на ентериерот на најнова спортска лимузина со електричен погонски склоп Porsche ја има најдено во актуелниот 911, во добар лак заобиколувајќи ги Panamera и Cayenne. Но сепак за вистински коментар ќе почекаме на официјализација на моделот за кој техничките детали велат дека ќе користи комбинација на два електромотора со вкупна моќност од повеќе  од 600 коњски сили. Еден електромотор ќе ги задвижува предните, а вториот задните тркала. Заедно двата ќе го забрзаат Taycan до стотка за помалку од 3,5 секунди, а батерискиот пакет ќе овозможи автономија од импресивни 500 километри. Како и да е, ќе мора да се стрпиме уште малку бидејќи планираното претставување на моделот ќе се случи наскоро.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER