Porsche ќе се вивне во вселената
Германската компанија ги впрегна сите свои сили да дизајнира вселенски брод за наредниот Star Wars филм
Објавено на 29 октомври 2019 година
Еден од вселенските бродови во наредниот филм од серијалот Ѕвездени војни, Подемот на Скајвокер (The Rise of Skywalker), ќе има вистинско тркачко педигре – Lucasfilms го ангажираше Porsche да го дизајнира. Иако добро познат по своите дизајнерски вештини и надвор од сферата на автомобилите, оваа задача беше потполно нов предизвик за Porsche. Сепак силата на џедаите беше на нивна страна – иако спортските автомобили и вселенските бродови припаѓаат на потполно различни категории, суштински тие делат иста дизајнерска филозофија. Мајкл Мауер, потпретседателот на Porsche задолжен за дизајн, наведе дека соработката со тимот на Star Wars ги инспирира и фасцинира и дека е сигурен дека таа ќе донесе само добро за обете компании. Дали тоа значи и дека можеби некој нов автомобил на Porsche ќе има хипердрајв светлосен погон, остана неодговорено…
Сепак шегата настрана, работата на филмот ќе донесе ново свежо искуство на дизајнерите на Porsche, кое секако полезно ќе делува на нивната креативност во иднина. Каков ќе биде дизајнот на вселенскиот брод не се ни многу крие, но сепак во целост ќе го видиме веќе на 20 декември, за кога е закажана премиерата на филмот Подемот на Скајвокер.
Видео