DS X E-Tense (со видео) :: Помеѓу иднината и фантазијата

Помеѓу иднината и фантазијата

DS X E-Tense e електричен спортист од 2035 година со 1.360 KS
Објавено на 27 април 2018 година

Ако е ова иднината, тогаш едвај чекаме да поминат 17 години. А ако е фантазија, тогаш сакаме никогаш да не помине. Само летимичен поглед на DS X E-Tense е доволен човек да се најде во таква дилема, дури и без да се знаат неговите технички податоци. Оние пак што ќе останат разумни ќе кажат дека чести се во историјата концептите што заради својата радикалност никогаш не станале реалност но имале силно влијание врз иднината дефинирајќи нови стилски насоки, а некои од нив дури и трендови. Таков сигурно ќе биде и DS X E-Tense, кој погледнато од перспектива на 2035 година, зад себе ќе остави траги по кои ќе тргнат други модели на француската марка. Овој спортски тросед на нескриен начин ја прикажува визијата на француските дизајнери и инженери за иднината, тој е повеќе од автомобил од 2035 година каков тие го гледаат. Затоа и привлече големо внимание, пред сé со спектакуларниот дизајн. Но и со техничките детали со кои може да се пофали – двата електромотора со 1.360 коњски сили во тркачка, односно 540 во патна конфигурација.

видео

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER