Polestar Precept » Билет за иднината

Билет за иднината

Ова беше еден од кандидатите за најубав концепт на салонот во Женева

Објавено на 2 март 2020 година

Заради опасноста од ширење на коронавирусот организаторите на салонот на автомобилите во Женева го откажаа неговото јубилејно 90-тото издание, одземајќи му ја можноста на концептот Precept на Polestar да се докаже како сериозен кандидат за еден од најубавите. Сепак тоа нема да го спречи неговото инфилтрирање во автомобилските вести затоа што едноставно го заслужува тоа. За жал неможноста публиката да го оцени и врз основа на нејзината реакција да биде донесена одлука кога и дали воопшто ќе оди во сериско производство ќе влијае на неговата иднина, која требаше да биде билет за марката во еден правец.

Како и да биде, тој е осмислен во Шведска и направен во Кина и во целост ја декларира визијата што Polestar сака да биде. Релевантноста за тоа се огледува во дизајнерската филозофија според која е креиран, наречена минималистички атлетизам. Кажано со обични зборови тоа значи дека има динамична форма во минималистички стил, иако изгледот му е импозантен а димензиите ниту малку скромни – растојанието меѓу оските му е дури 3,1 метар. За разлика од двата претходни модела на Polestar во изгледот на Precept сепак сé е ново – од дводелните тор-светла до сензорите за автономно возење скриени во испакнувањата на покривот. Класични ретровизори нема, а целата предница на автомобилот стана еден вид „умна зона” окупирана со бројните сензори за иста намена. За посебна атмосфера во возењето се задолжени стаклениот покрив и кабината со целосно нови материјали, поголем дел настанати со рециклирање на отпадна пластика. Централниот дисплеј е со дијагонала од 15 инчи, а кокпит дигитален. Со сé се управува со глас, гестикулации но и поглед. За погонската група освен дека е електрична, засега нема ниту збор.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER