Polestar 3 – Обновен како да е нова генерација (видео)

Побрзо полнење, поголема сила…

Однадвор изгледа исто, но одвнатре Polestar 3 кој беше претставен лани доби сериозни надградби, исто како да е нова генерација. Основата за сé е 800-волтната електрична архитектура која со своите технички предности овозможува пред сé побрзо полнење на батериите и поголема ефикасност во работата. Тоа дополнето со новите електромотори со повеќе сила прави со други очи да гледаме на Polestar 3. Измените се доста слични на оние на Volvo EX90 што не требна да чуди бидејќи двата модела се сестрински.

Во бројки изразено, електричната архитектура на Polestar 3 му носи за 6 отсто подобрена ефикасност, а батериите чиј капацитет е 92 и 106 kWh сега ќе се полнат со 310 односно 350 kW моќност, што значи дека од 10 до 80 од капацитетот ќе им требаат 22 минути. Задниот електромотор сега располага со 333 коњски сили кој во комбинација со предниот кај верзијата со два електромотора овозможуваа испорака на 544 односно дури 680 коњи кај Performance верзијата. Што се однесува до автономијата таа зависно од верзијата се движи од 593 до 635 километри, на кои сигурно никој нема да им најде замерка. Значајно е и тоа што максималната брзина е ограничена на 210 односно 230 километри на час во зависност од изведбата.

Преработена е и внатрешноста која донесува греење и на задните седишта, посебно развиен Bowers & Wilkins аудио-систем со звучници во наслоните за глава и активно поништување на бучавата од патот и друго. Цените не се објавени – сегашните верзии во Шведска стартуваа од 80 илјади евра што е релативно многу ако се знае дека овој модел се произведува во Кина.

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER