Вреден успех за шведската компанија
Volvo се пофали – досега има продадено милион плаг-ин хибридни автомобили. Тие во неговата продажба учествуваат со 24 отсто – од јануари до септември глобално вкупно се пласирани 122.180 примероци. Најпопуларни се XC90 и XC60 кој беше и европски лидер по продажбата меѓу ваквите возила. Она што е значајно е и дека според интерните податоци на компанијата купувачите често ги возат своите плаг-ин возила во електричен режим, посебно во урбаните подрачја, во просек околу половина од вкупното време. Во моментот Volvo нуди пет различни модели во плаг-ин изведби, додека електрични ги има шест. Нивната продажба за првите девет месеци годинава се искачи на 105.137 примероци.


