За поголема безбедност на децата
Финците се фини луѓе со менталитет кои ние тешко можеме да го сфатиме, но ова веројатно никој во светот нема да го сфати – тие предложуваат да се воведе ограничување на брзината во урбаните населби на само 20 km/h. Идејата не е нова и функционира во повеќе градови низ Европа како Париз на пример, но таму е 30 km/h што и онака за нас возачите звучи прениско иако и самите кога ќе дојдеме во зони на пример покрај училишта каде децата ги има насекаде низ улиците, возиме толку. Финскиот предлог што дојде од една нивна политичка партија сепак психолошки делува одбивно иако има дебела логика – со време на реакција на возачот од една секунда, на автомобил кој се движи со 30 km/h ќе му бидат потребни меѓу 12 и 20 метри потполно да запре, кои при 20 km/h се намалуваат на само 7,5 метри. Понатамошна дискусија не е потребна.


