Peugeot 308 & 308SW : Тандемот збогатен и технички подобрен

Вести Видео на денот Новитети

Тандемот збогатен и технички подобрен

Компактната класа секогаш играла важна улога во портфолиото на ”Лавот од Шанзелизе”

објавено на 16.07.2020

Означена со почетната бројка ”3” семејството компактни возила од Peugeot константно еволуира. Не само што со секоја генерација расте во сите смерови туку и има две генерации деривати на спортско-корисни возила. Портфолиото од продадени повеќе од 1,5 милиони примероци на актуелниот 308 не опушта туку обврзува традиционалните купувачи, но и се повеќето нови, нивните возила да бидат опремени со најновите технолошки трендови.

Освежувањето се одвива токму во тој смер но естетските бенефити се најмногу воочливи. Нова е бојата ”вертиго сина” изборот на алуминиумски тркала има два нови дизајни додека во внатрешноста најзабележлив е потполно дигиталниот i-Cockpit содржан во панел со висока дефиниција кој зафаќа 22,5 сантиметри и централниот дисплеј осетлив на допир.

Секако дека се содржани модерните конективни решенија како што се Mirrorlink, Android Auto и Apple Carplay кои функционираат со гласовни команди кои важат и за командување на 3D навигацијата. Во списокот, во зависно од пазарот и нивото на опременост, се вбројуваат електронски безбедносни асистенти како адаптибилна контрола на патувањето, препознавање на пешаци до брзина на движење од 60 км/ч, автоматско паркирање со систем на камери, автоматско панично сопирање во распон на брзини од 5 до 140 км/ч, активен систем за мониторирање на слепиот агол и корекција на траекторијата…

Peugeot традиционално се вбројува во врвот на сегментот ”Ц” според динамичките својства без оглед дали станува збор за хечбек или караванската каросерија. Покрај одлично дотераното потпирање на овој имиџ допринесуваат моторите. Тие ја исполнуваат нормата Еуро6 и се во согласност нa  WLTP протоколите. Впарени со мануелен шест или автоматски осум степен менувач на избор се две верзии на бензинскиот три цилиндричен 1,2 литрен PureTech со моќност од 110 и 130 коњи. Дизелите BlueHDi се четири цилиндерски од 1,5 литри и верзии од 100 и 130 коњи.

За оние кои имаат бензин во крвта ќе се понуди спортската 308 GTi верзија која со помош на турбина ќе испорачува 263 коњи од 1,6 литарска зафатнина. Двете каросериски изведби, хечбек и караван, веќе се произведуваат во фабриката во Сошо а на македонскиот пазар ќе пристигнат најдоцна до крајот на оваа календарска година. По тукашната премиера ќе ги знаеме цените кои ќе претрпат блага корекција.

Видео