Електричен омаж на автомобилите од рели Групата Б!

Концептот E-T16, е електрично „чудовиште“ што му оддава почит на легендарниот рели-автомобил Peugeot 205 T16. Возилото, како што вели производителот,  достигнува брзина од 300 км/ч за само 16 секунди, поседува три електромотори и изгледа како да излегло од некој луд сон инспириран од ерата на Групата Б.

Од Peugeot велат дека дел од технологијата и дизајнот навистина ќе се најдат во сериското производство. E-T16 користи три електромотори: еден ги придвижува предните тркала, додека два ги напојуваат задните. Заедно, тие испорачуваат 815 КС, што го прави ова најмоќното Peugeot некогаш произведено.

Таа моќност овозможува забрзување од 0 до 100 км/ч за само 2,5 секунди – перформанс со кој тешко би можеле да се споредат дури и оригиналните рели-машини од Групата Б. Визуелно, E-T16 црпи голема инспирација од својот славен претходник 205 T16.

Дизајнот најавува што можеме да очекуваме од следната генерација на E-208, иако во помалку агресивна форма, велат од Peugeot.

Серискиот модел, кој ќе се појави идната година, ќе ја добие истата хоризонтална интерпретација на светлосниот потпис на Peugeot во форма на три канџи, а и кабината навестува во која насока ќе се движат идните патнички автомобили.

Заоблен панорамски дисплеј од 21 инч се протега низ контролната табла, додека во кабината доминира необичниот управувач Hypersquare. Системот за управување е преку електронска врска Steer-by-Wire кого ќе го видеиме кај новиот E-208. Би било вистинска штета доколку брендот не го претвори во реалност овој концепт како сериски модел.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER