Opel Corsa VI :: Само за твоите очи!

Top News Ексклузивно Новитети

Само за твоите очи!

Половина година пред нејзиното лансирање веќе се запознавме со новата Opel Corsa

објавено на 15 април 2019 година
автор: Крумислав Барзов

Шестата генерација на Opel Corsa треба да се појави на пазарот во последниот квартал на годинава. Ние бевме дел од мала група на новинари кои имаа чест да се запознаат со идната генерација на Corsa половина година пред нејзиното лансирање. Затоа пред влезот во развојниот центар во Руселсхајм бевме замолени да ги предадеме сите електронски направи и неколку пати нé потсетија на строгите забрани за објавување.

Веќе на прв поглед новата Corsa делува емотивно и атрактивно. Иако ја дели основата со штотуку претставениот Peugeot 208, руселсхајмското момче покажува дијаметрално спротивни дизајнерски и ергономски решенија. Фокусот е на намалувањето на тежината преку употреба на лесни и ултралесни челици во конструкцијата и ангажирање на алуминиумски мотори, од што ќе профитира економичноста и динамичките својства. Каросериски ќе биде понудена само во изведба со пет врати и нејзината тежина е за 20 kg помала од еден тон. Доколку се спореди со актуелната Corsa, тоа е намалување на тежината за 108 kg или за 10%! Што се однесува до димензиите задржана е должината од 406 cm, додека висината е намалена а ширината благо зголемена. Новата основа е предвидена да издржи разни мотори и концепти на задвижување. Предвидени се алуминиумски мотори со внатрешно согорување со три и четири цилиндри, бензинци и дизели, а на сите ѕвона се најавува и електрична верзија која треба да настапи паралелно. Покрај современата моторизација, намалената тежина, зголемената економичност и еколошка прифатливост, купувачите на Corsa VI ќе имаат можност да уживаат во новиот дизајн на надворешноста и интериерот. Сега надворешноста на Opel Corsa може да се нарече како емотивна и атрактивна додека внатрешноста, покрај високото ниво на ергономија, изобилува со технологија. Низбежните два големи дисплеи на местото на инструмент-таблата и на централната конзола формираат логична и практична целина.

Својата кариера Opel Corsa ја започна во 1982 година и досега во погоните во Зарагоза (Шпанија) и Ајзенах (Германија) се направени 13,6 милиони. Во блиска иднина ќе се најдеме зад управувачот на претпродукциските примероци а нашите впечатоци ќе ги поделиме со вас, се разбира кога тоа ќе го дозволи ембаргото за објавување.

клучни зборови: ,