Opel Corsa – Македонска премиера

Само два месеци по лансирањето во Македонија пристигна рестилизираната Opel Corsa. Еуроимпекс гордо го претстави едниот од најпродаваните мали автомобили во Европа кој претрпе задолжителни измени кога моделот ќе ја достигне средината на животниот век.

Сега предницата е во согласност на препознатливото лице на брендот „Vizor“ кој не само што и дава на Corsa визуелна идентификација со останатите модели од Руселсхајм, туку ја прави многу посериозна. Димензиите останаа исти. Внатрешноста, исто така, претрпе нужни измени додека фокусот е на подобрениот софтвер и инфозабавен систем.

За оваа пригода Corsa доби нови електрични и хибридни погони. Првично на нашиот пазар пристигнати се верзии со познатиот мотор на согорување Pure Tech од 1,2 литри од 75 и 100 КС, додека Corsa Electric и изведбата со благ хибриден систем од 48 волти се очекуваат во текот на идната година.

На избор се два мануелни и еден автоматски менувач. Понудата започнува од 17.400 евра па се до 23.320 евра за изведбата со автоматски менувач, 130 КС во високото ниво на опременост GS. Opel Corsa секогаш била миленик на македонските возачи и по се изгледа тој статус уште долго ќе го задржи. Погледнете го тестот што го направивме во Руселсхајм на Corsa Electric на нејзината официјална презентација.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER