Opel полека ја „склопува” сликата за новата Mokka

Top News Новитети Поглед во иднината

Opel полека ја „склопува” сликата за новата Mokka

После внатрешноста, сега дојде на ред и предниот дел на Mokka

Објавено на 11 јуни 2020 година

Opel продолжи со откривањето на деталите за новата Mokka, која ќе ја има и таа задача да биде прв модел кој ќе го покаже новото лице на германската марка. Него го сработи тимот предводен од првиот човек на дизајнерското одделение Марк Адамс, наречен едноставно Opel Vizor. Замислен како кацига за целото лице, заштитниот визир органски ги интегрира маската, предните светла и лого на марката во еден единствен модул. Почетниот концепт на оваа елегантна особина беше инспириран од легендарната Opel Manta од првата генерација. Визирот на новата Mokka се протега во еден потег преку предниот дел на возилото под поклопецот на моторот, визуелно растегнувајќи ја неговата широчина со намалена количина елементи. Opel Vizor ќе стане заштитен знак на сите модели на марката во текот на годините што следат.

Opel ја покажа и скицата на идниот потполно дигитален Pure Panel кокпит кого го красат истите визуелни карактеристики со чисти и прецизни линии и содржина сведена на она битното. Ја следи филозофијата на карактеристичниот германски дизајнерски јазик кој ја комбинира јасноста и одважната изразителност, која исто се однесува и на надворешноста на Mokka од следната генерација.

клучни зборови: ,