Toyota e-Palette :: Научна фантастика или достижна реалност? (со видео)

Видео Новитети Поглед во иднината

Научна фантастика или достижна реалност?

Сега е првото, но Јапонците велат за стотина години ќе биде второто
Објавено на 11 јануари 2018 година

На човештвото постојано му се претставуваат разни футуристички идеи за мобилноста, но Toyota со e-Palette ги надмина сите. Нејзината замисла за иднината во која би живееле најлесно можеме да ја опишеме како град на тркала. Целата концепција всушност претставува мобилен екосистем со акцент на бизнисот во кој централното место им припаѓа на луѓето. Наречен е e-Palette и замислен да се развива во соработка со Mazda, Amazon, Pizza Hut и Uber како партнери. Toyota e-PaletteОснова за овој пакет поврзани мобилни решенија се напредните автономни и мултифункционални возила со големи можности за прилагодување. Тие на пример наутро и попладне можат да бидат средство за заеднички превоз, а преку ден подвижни канцеларии или продавници. На тој начин нивната искористеност ќе биде голема, а луѓето нема да го трошат времето одејќи до продавница да купат нешто бидејќи таа ќе доаѓа кај нив.

Иако сето ова звучи премногу футуристички за да го сфатиме како можна реалност, од Toyota се убедени дека се на вистинскиот колосек за иднината. Тие уште тврдат и дека овој тип на мобилност го трасира развојот за наредните сто години. Според нив транспортот за тој период треба да еволуира надвор од традиционалните автомобили и камиони и да создаде нови вредности во животот на луѓето. Јапонците планираат првите тестирања на овој систем како концепт да ги спроведат на почетокот на идната деценија во повеќе региони низ светот. За тоа ќе подготват возила со три различни големини со должина меѓу 4 и 7 метри, кои потоа секој од партнерите би ги прилагодувал според своите потреби и размислувања.

видео

клучни зборови: , , , , , ,