Mustang со централен мотор » И Ford заборавил на него!

Top News Занимливости

И Ford заборавил на него!

Се појавија фотографии од Mustang со централен мотор, за кој во Ford појма немаат дека го направиле

Објавено на 8 април 2020 година

Да беше веста објавена на 1 април ќе помисливме друго, но не е – во 1966 година Ford направил Mustang со централен мотор на кој сосема заборавил. До сознанието за него се дојде случајно, кога директорот на архивот на Ford налетал на фотографии со занего сосема непознат модел снимени во развојниот центар на компанијата. Бидејќи му заличел на некој од прототипите на Mustang, се обратил до еден од тогашните раководители на проектот. Но и тој појма немал за што станува збор. Потрагата безуспешно продолжила од човек на човек цели пет години и ден-денес останува мистерија како и зошто бил направен овој прототип на кој никој жив во Ford не се сеќава. Затоа од компанијата решија да ги објават овие фотографии и да замолат било кој што знае нешто за него да ги контактира, ветувајќи му специјална награда.

 

клучни зборови: ,