Не е за секого!
Иако салонот SEMA кој се одржува во Лас Вегас е познат по бесните креации, ние сепак се одлучивме од него да ви претставиме нешто посмирено
Објавено на 19 ноември 2019 година
Слатко како бомбона, како што велат неговите креатори од дизајнерското студио на Mopar. Тие инспирацијата ја најдоа во пикапот Dodge D200 од крајот на шеесеттите години, кој вешто го трансформираа во овој концепт. Понизок и подолг во однос на оригиналот, тој е направен со филигрански манири и претерано внимание на секој детаљ. Вратите се без рачки и се отвораат со притисок на копче зад кабината. Моторот е 5,9 литарски Cummins дизел, а ослонувањето воздушно со три нивоа. Светлата се 7-инчни ЛЕД, а внатрешноста како кај некој музејски експонат. Иако може да вози, овој прекрасен примерок автомобилска уметност е направен за гледање и нема цена. Интересен факт е дека добар дел од компонентите на возилото се оригинални, стари половина век.
Видео