Mini со нов SUV голем колку BMW X3

Top News Занимливости Поглед во иднината

Mini со нов SUV голем колку BMW X3

Mini одамна престана да биде мини, но по сé изгледа сега ќе стане макси

Објавено на 16 јуни 2020 година

Уште од преземањето во 2001 година, BMW започна да ја трансформира марката Mini проширувајќи ја гамата со разновидни модели, сите до еден поголеми отколку што името му налагаше. Така се стигна до Countryman и Clubman, но по сé изгледа дека тука нема да се запре. Причината е огромниот пораст на интересот на купувачите за кросовери и SUV модели од сите категории и големини, што не може да се игнорира. Затоа и Mini бара решение за иднината во збогатувањето на својата понуда со два нови модели, меѓу кои еден би бил знаменосец на марката голем колку BMW X3. Се очекува во 2024 година со ознаката Traveler, најверојатно заснован на модуларната CLAR платформа на BMW, што автоматски значи дека ќе се произведува во САД. Иако за многумина е тешко да се замисли Mini со големина на X3, пазарот е тој што ги диктира условите – какви и да се. Сепак е јасно дека колку и да биде голем, и овој модел мора да го задржи ликот на брендот.

И вториот модел кој може да се очекува е SUV, поточно кросовер, Тој би бил голем колку BMW X1, но би бил електричен. Примарно ќе биде наменет за Кина, заради што ќе биде развиван заеднички со Great Wall. Треба да се произведува во нивната нова фабрика во близината на Шангај, која ќе започне со работа во 2022 година со годишен капацитет од 160.000 автомобили. Се зборува дека овој модел е веќе е во напредна фаза на развој и го има дизајнот на концептот Rocketman од 2011-тата.

клучни зборови: