McLaren го потврди хибридниот мотор

McLaren го потврди хибридниот мотор

Објавено на 6 декември 2019 година

Почнувајќи од пролетта идната година, McLaren го ќе започне со подготовки за трансформацијата на својата гама на нова платформа со хибриден V6 мотор. Посилен од сегашниот твин-турбо V8, тој во наредните три до четири години треба да го замени во голем дел од гамата. Значајно е и тоа што ќе има плаг-ин верзија со електрична автономија меѓу 15 и 20 милји, односно 24 и 32 километри. Во план е да се вградува и во новиот знаменосец на марката со погон на сите тркала. Кај него предните тркала ќе бидат електрично задвижувани и ќе придонесат за планираните перформанси илустрирани со забрзувањето до 60 милји на час (96 km/h) за 2,3 секунди.

Според директорот на компанијата Мајк Флуит, првиот модел базиран на новата архитектура ќе биде претставен при крајот на идната година. Тој исто така кажа и дека заради хибридизацијата новите автомобили ќе бидат за 30 до 35 килограми потешки. Потврди и дека паралелно со новиот агрегат сегашниот V8 ќе продолжи да се користи во најскапите модели. На разочарување на една група ентузијасти, тој демантираше дека имаат планови за подготовка на целосно електричен модел, барем во наредните неколку години. Како причина ја наведен преголемата тежина на батериите, која би се одразила на перформансите достојни за марката. Исто така не е во план ниту SUV модел, затоа што развојот на платформа за него би чинел милијарда фунти.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER