McLaren тргнува во нова насока (со видео)

McLaren тргнува во нова насока (со видео)

По успехот на трите спортски серии, McLaren ќе претстави сосема нов модел

објавено на 9 мај 2019 година

Најавен на салонот на автомобилите во Женева, потполно новиот модел на McLaren ќе ја однесе британската марка во носа насока. Ќе има ознака GT како кратенка од Grand Tourer и иако презентацијата му е закажана за помалку од една недела сé уште премалку детали се знаат за него. Официјално всушност се знае само тоа што можеме да го видиме од фотографиите и видеото. Неофицијално новиот модел ќе се произведува одвоено од актуелните Sports, Super и Ultimate серии, што може да значи дека ќе има различна архитектура од нив. Сигурно е дека ќе има тркачки перформанси, лесна каросерија и модерен ентериер кој ќе пружа комфор и пространост каква се очекува од еден Grand Tourer. Централно поставениот мотор треба да биде познатиот 3,8 литарски твин-турбо V8. Се очекува да има цена од околу 145.000 фунти, а првите купувачи би го добиле наесен.

Видео

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER