Mazda MX-30 » Автомобил со батерии, а не батерии на тркала

Top News Новитети Поглед во иднината

Автомобил со батерии, а не батерии на тркала

Објавено на 23 октомври 2019 година

Mazda го покажа својот прв електричен автомобил. Нарекувајќи го автомобил со батерии а не батерии на тркала, Јапонците сакаат да кажат дека тој не е настанат по секоја цена да се следат трендовите, туку дека при неговото конструирање се мислело и на околината и на возачот. Тие уверуваат дека тој не мора да се откаже од задоволството во возењето, што била јасна цел на дизајнерите и инженерите. Според претседателот на Mazda Европа Јасухиро Аојама, новиот модел ги има истите гени како и сите други автомобили на компанијата. Дури и повеќе, бидејќи со новите технологии тие се имплементирани на уникатен начин. Затоа ја има ознака MX-30 што јасно укажува дека треба да биде кросовер со карактеристики на спортски автомобил. Клучно во целата приказна е вистинската големина на батериите кои со својата тежина не ја компромитираат леснотијата на управувањето. Му овозможуваат автономија од околу 200 километри, додека времето на полнење не е познато. Јапонците не ги објавија ниту спецификациите на електричниот мотор, но затоа не пропуштија да кажат дека акцентот е ставен на креирањето вештачки звук кој е важен за перцепцијата на возачот за брзината. Изненадувања во дизајнот нема, иако како концепт кај Mazda MX-30 се среќаваат некои нови решенија. Колку од нив ќе опстанат до сериското производство ќе дознаеме во втората половина на идната година.

клучни зборови: ,