Manhart RS450 » Golf 7 не се дава! (сo видео)

Видео Занимливости Новитети

Golf 7 не се дава!

Во очекување на новата генерација на Volkswagen Golf R, претходната не се дава

Објавено на 29 март 2020 година

Германскиот тјунер Manhart ги предизвика сите сопственици на (до)сегашниот Volkswagen Golf R предвреме да не се откажуваат од својот љубимец со искушение да му ја зголемат силата на дури 450 коњи и 500 њутн-метри максимален вртежен момент. Тоа се постигнува со ремапирање на контролната единица, нов турбополнач и интеркулер, како и со комплетно нови всисен и издувен систем. Пакетот може да се заокружи со нови тркала и пружини кои го спуштаат за 30 mm, преден сплитер и се разбира помоќни сопирачки. Од бројките Manhart единствено кажува дека само 10 примероци од Golf 7 R ќе добијат ваков третман, така што за перформансите и цената ќе мора сами да се информирате. Како утеха за останатите, се нудат и помалку моќни преработки со 310 KS и 400 Nm.

Видео

клучни зборови: ,