Lamborghini Lanzador – Визионерски бунтовник (фото галерија, видео)

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Првиот електричен модел на Lamborghini

Било да е SUV, електричен, и двете, или пак нешто трето, мора да биде чистокрвен Lamborghini

Светот на тркала дефинитивно се менува – нема враќање назад. Најпрво на сцена стапија SUV моделите кои доста брзо во сите големини и со секаква форма се раширија низ сите класи и стигнаа дури и до суперспортскиот сегмент, а потоа дојде електрификацијата. Lamborghini го вкуси медот со Urus и одлучи да продолжи по тој пат, без каење или премислувања.

Долго се зборуваше за четвртиот автомобил во палетата на егзотичната марка, најчесто дека ќе биде Gran Turismo модел. Испадна дека сите шпекулации истовремено беа и вистинити, и погрешни. Зошто е така, одговорот лежи во приложеното – Lanzador како е наречен може да биде сé но најмногу е чистокрвен Lamborghini. Го чека долг пат до продажните салони, каде ќе пристигне во 2028-мата. За тоа време марката од Сант’Агата Болоњезе ќе премине целосно на производство на  хибридни модели. Постојат и други планови за електричните возила, но за нив сé уште е рано.

Сега сите погледи се упатени кон ултра GT купе кросоверот со 2+2 формула. Не е како Urus,  ниту пак како нешто слично од било која марка – зголеменото растојание од подлогата не го прави којзнае колку употреблив вон асфалтот. Ниту пак за превоз на повеќе од двајца возрасни надвор од градските улици. За товарање багаж да не зборуваме иако задните седишта му се преклопуваат. Затоа пак пропорциите му се суперспортски, ненарушени од висината која му изнесува околу 1,5 метри.

Всушност сé на него е суперспортско. Имплементиран е систем на активна аеродинамика чии поставки ја нагласуваат ефикасноста или возната динамика. Тркалата од 23 инчи се поставени на прилагодливо воздушно ослонување и активни амортизери. Новата возачка електроника интегрира голем број сензори и функционира во согласност со комплексен алгоритам. Има три електромотора, еден напред два назад, со непознат број коњски сили за кои некои велат дека ги има најмалку 1.360.

Тоа донекаде е сé што се знае за него. Останатото што официјално е објавено се однесува на стратегијата на однесувањето на компанијата во иднина, препуштајќи на фантазијата доволно време да си создаде слика за тоа каков навистина ќе биде темпераментот на првиот електричен модел на италијанската марка под германско диригентство.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER