Kia xCeed » Храбро напред и на македонскиот пазар

Храбро напред и на македонскиот пазар

Најновиот кросовер-адут на Kia пристигна и кај нас

Објавено на 28 ноември 2019 година

Со пристигнувањето на четвртиот член од семејството на Ceed, Kia уште еднаш покажа дека не се плаши од никакви предизвици. Затоа и xCeed заслужуваше презентација каква што имаше, одамна невидена кај нас во Македонија. Бројната публика со своето присуство ја награди храброста на корејската марка да пласира модели во пазарни сегменти во која не била присутна. Интересот за најновиот кросовер-адут беше голем, иако самото возило не е. Според габаритите сместено е меѓу Stonic и Sportage, а според имиџот што го пласира над нив. Таква е и цената, која промотивно стартува од 18.550 евра. Основниот модел е опремен со еднолитарски турбо мотор со 120 коњски сили. На оние што сакаат повеќе им е наменет 1,4 литарскиот агрегат со 140 коњи, а ќе бидат задоволни и љубителите на дизелот. Ним на располагање им стои познатиот 1,6 литарски CRDi со 136 коњски сили. Значајно за модел со ваква големина е и што посилните агрегати можат да се комбинираат со седумстепен менувач со двојна спојка.

Како еден од столбовите на Kia ја изгради својата доверба кај купувачите, и xCeed доаѓа со богата сериска опрема. Базното ниво е далеку над она што може да се очекува од возило од овој сегмент, а повисокиот пакет вклучува и систем за избегнување судар со препознавање на пешаци. Но што и да се избере ќе се добие возило со впечатлив дизајн по кое ќе се вртат погледите. Компактните димензии овозможуваат непречено користење низ град, а зголеменото растојание од подлогата уживање во нови хоризонти.

Како и сите други модели на Kia, и овој доаѓа со 7-годишна гаранција. Заедно со останатите изведби на Ceed се произведува во фабриката во Словачка.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER