Најавен уште 2021-вата, плановите за најмалиот електричен автомобил на Kia стануваат сé поконкретни
Kia дефинитивно подготвува терен за помали електрични автомобили – јавноста веќе добро е заинтересирана со концептот EV2 (прикажан на сликата) кој треба да биде вовед за уште помал модел. Тој всушност одамна е најавен но дури сега се создаваат услови за негово пазарно лансирање. Корејците официјално молчат но јасно е дека појавувањето на слично позиционираните возила од европските производители ќе го трасираат патот и за EV1. За него лесно може да се прилагоди платформата на EV3 при што клучно за цената ќе биде користењето на 400-волтна електрична архитектура. Тоа ќе значи и побавно полнење но бидејќи се работи за градски автомобил нема на тоа да се гледа негативно.
Kia глобално до 2027 година планира да лансира најмалку 15 нови електрични модели.


