Jaguar XF – нова генерација

Видео насловна Новитети

Мускулест и престижен

Во духот на британската традиција добрите работи се задржани, критикуваните унапредени

објавено 09 октомври 2020

Новата генерација на средната лимузина во гамата на Jaguar неодамна беше претставена на јавноста. Самиот производител во комуникето не ги потенцираше димензиите и основата па не наведе на заклучокот дека кај нив не е многу интервенирано. И кај првата генерација не изостануваше простор, но не можеше да се спореди со оној што го имаа конкурентите. На пазарот на луксузни возила по прашање на димензиите се случи регрес. Имено, повеќето марки иако декларираат минимални зголемувања во сите правци кабините како да се намалија. Овој факт и го оправдува молчењето на таа тема. Затоа англиските рогови на сите страни разгласуваа за темелните дизајнерски интервенции на каросеријата и во неа. Па да почнеме по ред. Првиот контакт со секој автомобил е надворешниот изглед а на него лесно се воочливи новите тенки LED фарови со опционална Pixel LED технологија која автоматски го прилагодува интензитетот и должината на светлосниот сноп во однос на условите на патот. Тие одлично се вклопуваат со новиот браник кој сега е масивен и е домаќин на големите вцицувачи за воздух поставени околу робусната маска на ладилникот. Ваквата констелација дава силен впечаток, токму онаков каков очекуваме од Jaguar. На задниот дел повторен е рецептот од предницата.

Браникот е висок и визуелниот ефект што го прави наликува дека возилото е пониско отколку што е. XF има целосно нов ентериер со зголемен луксуз, најнови технологии за поврзување со надворешни апарати, атмосферата пружа поголемо спокојство и е рафинирана. Новиот дизајн на кабината е посмел, подинамичен и со поголем фокус на возачот. Потполно новодизајнирана е инструмент таблата а во срцето на новиот ентериер е беспрекорно интегрираниот централно монтиран 11,4-инчен HD екран осетлив на допир со закривено стакло преку кого се контролира новиот систем за инфо-забава Pivi Pro елегантно обвиен со легури на магнезиум. Автентичните завршни доработки, вклучително дрвените облоги и алуминиум, се одликуваат во прекрасно формирани форми што се формираат по целата ширина на контролната табла.

Новите Jaguar XF и XF Sportbrake се карактеризираат со фокусирана палета на Ingenium четири цилиндрични бензински и дизел агрегати од новата генерација, а дизелот е опремен со технологија на благо хибридно електрично возило (MHEV).Новиот XF е достапен исклучиво со осумстепен автоматски менувач кој кај изведбата со бензинецот со 300 коњи ги задвижува сите тркала додека кај послабиот од 250 коњи и кај дизелот може да се бира помеѓу погон на задната или на двете оски. Дизелот развива 204 КС и достига 430Nm. Неговиот систем MHEV користи Интегриран генератор на стартери со ремени за да собере енергија што обично се губи при забавување и сопирање, која потоа се чува во 48V литиум-јонска батерија сместена испод багажниот простор. Тој е во состојба да ја прераспредели зачуваната енергија за да му помогне на моторот при забрзување, а истовремено обезбедува порафиниран систем на запирање и стартување. Вака стокмената изведба забрзува до стотка за 7,1 секунда а способна е во услови на внимателно возење да потроши само 4,9 литри на изминати 100 километри. Љубителите на бензинци можат да изберат помеѓу изведбите со 250 или 300 коњи и, двата со турбо полнач со променлива геометрија и континуирано отворање на варијабилениот променлив вентил, за ефективна комбинација на рафинирана работа и ефикасност. Потрошувачката се движи помеѓу 8 и 8,3 литри во просек. Вака дотераната нова генерација на Jaguar XF има добри шанси да се спротивствави на германскиот стереотип. Најголем проблем е што покрај раскошниот и господски конципиран ентериер Jaguar се уште се бори со негативниот имиџ на квалитетот кого го заработи кон крајот на минатиот век. Со новата технологија на моторите можеби ќе успее да го надмине тој хендикеп а во преден план да ги истакне возните својства кои секогаш биле силна страна на британската грабливка.

 

Видео