IAA Mobility 2023, прв дел – Германски производители (фото галерија)

Купувајте домашно!

Иако времето на салоните помина, дел од германските производители својски се потрудија за својот настап во Минхен

Не како некогаш и не сите но сепак со солиден ангажман германските производители го привлекуваа вниманието на салонот во Минхен. Можеби затоа што се одржува практично во неговиот двор, најмоќен новитет имаше BMW, новата Neue Klasse со која ја дефинира својата иднина. Нејзиниот настап беше поддржан од новото дуо Cooper/Countryman на Mini, кој иако не е германски производител сепак е дел од баварската групација.

За да не ја соберат сета слава се потруди Mercedes кој истапи со концепт на новата генерација на CLA и All Terrain верзијата на E-класата. И од Штутгарт имаа аутсурсинг засилување во облик на кинескиот Smart #3. Volkswagen малку поразумно ги распореди своите ресурси и за Минхен го подготви концептот ID.GTi кој треба да ни покаже некоја идна спортска верзија на идниот ID.2. Заедно со него електричниот адреналин ќе го предизвикува и Cupra Dark Rebel, Audi ја прикажа внатрешноста на идниот Q6 e-Tron а Porsche ја прослави својата годишнина.

Ни Opel него игнорираше значењето на IAA, иако сега има додавка Mobility – компанијата за својот настап ja подготви студијата Experimental со која покажува дека нема да експериментира со својата иднина, додека за сегашноста, пак, тука беше караванската верзија на електричната Astra. Беше присутен и Ford со новиот електричен Explorer.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER