Volkswagen – Кинеските модели и во Европа?

Понудата на Volkswagen би можела да стане значително поразновидна…

Соочувајќи се со ситуацијата во која се најде, компанијата ги разгледува можностите некои автомобили развиени за кинескиот пазар да бидат понудени и во Европа. Целта не е замена на постоечките модели туку проширувањето на гамата без дополнителни трошоци за развој и производство.

Анализите за тоа се вршат веќе подолго време и може да се каже дека одлуката наскоро ќе биде позната. Изборот што ќе биде понудено се прави внимателно, со детална проценка за пазарните перспективи. Меѓу потенцијалните кандидати се неколку модели развиени во соработка со различни партнери кои Volkswagen во Кина ги има повеќе.

Оваа стратегија со себе носи јасна порака – кинескиот развој повеќе не е наменет исклучиво за локални потреби туку би можел да стане важен дел од идната глобална понуда на германскиот производител.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER