Hyundai го најави Ioniq 7

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin

Голема најава за големиот SUV

објавено на 6 ноември 2021

После стартот со Ioniq 5 и најавениот Ioniq 6, Hyundai продолжува да го шири своето наменско електрично семејство со големиот SUV Ioniq 7. Иако во производство се очекува во 2024 година, веќе сега неговиот концепт е подготвен за покажување кое ќе се случи за некоја недела на салонот на автомобилите во Лос Анџелес. Симболично е наречен Seven и треба во целост да ни ги претстави идниот дизајн и технолошките иновации кои Hyundai ги подготвува за електричната мобилност.

 

За да се зачува мистичноста, освен едно ќоше и неколку кадри од внатрешноста на фотографиите не се гледа ништо конкретно. Но од тоа што се гледа може да се заклучи дека неговиот дизајн ќе отстапува од досегашната традиција и ќе го следи патот трасиран со Ioniq 5 во кој се потенцираат дигиталните емоции. Ентериерот на концептот сугерира врвен и персонализиран амбиент на дневна соба. Треба да доминираат одржливите материјали кои ќе нудат префинето и еколошки прифатливо искуство на мобилноста кое ќе ги одразува променливите стилови на живот на неговите купувачи.

За механиката нема ништо објавено, но не е тешко да се претпостави што би се нашло под неговиот лим.

 

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 92.00ден
  • еуросупер 98 - 94.00ден
  • еуродизел Д5 - 86.00ден
  • течен нафтен гас - 51.00ден
  • метан - 108.50ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER