Hyundai ќе продава возила преку Amazon (видео)

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

За поголема сатисфакција кај купувачите

Понекогаш ни е тешко да ги разбереме Американците, но затоа порано Јапонците а сега и Корејците не се ни обидуваат да ги сфатат туку го прават она што тие го очекуваат

Така главна вест на Hyundai од салонот на автомобилите во Лос Анџелес беше дека од идната година нивните возила ќе бидат продавани преку Amazon. За да се илустрира тоа новата генерација на Santa Fe која ја имаше својата американска премиера на бината на прес конференцијата на марката излезе од огромен сандак со логото на популарниот сервис за достава. Како ќе функционира тоа да нарачате возило од неколку десетици илјади долари кое ниту сте го виделе ниту пробале не ни е баш јасно, но повторно ќе кажеме дека понекогаш ни е тешко да разбереме Американците. Сепак да биде јасно, дилерите и натаму ќе имаат своја улога во синџирот на продажба.

Упатените велат дека Hyundai на овој чекор се решил токму заради непријатните искуства што  купувачите ги имаат со дилерите кои често знаат да ги ѕидаат цените според сопствено убедување – анализите на компанијата покажале дека дури 80 отсто од купувачите за своето возило платиле повеќе отколку препорачаната цена од производителот, некои и до една третина поскапо. Во сета таа возбуда околу новиот начин на стекнување сатисфакција кај купувачите, само мал дел од нив успеаја да забележат дека и N-верзијата на електричниот Ioniq 5 со своите два електрични мотора со спортски 640 коњски сили беше премиерно покажана на американско тло.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER