Honda за најмладите (со видео) :: Бебињата најдобро ги смирува Honda NSX

Бебињата најдобро ги смирува Honda NSX

Благодарејќи на истражувањето на јапонскиот производител родителите сега знаат што е најдобро за нивните бебиња
Објавено на 26 декември 2018 годинамодерната-санка-на-дедо-мраз

Honda на јапонскиот пазар ќе понуди нов производ кој со звук на моторот на NSX ќе ги смирува расплаканите бебиња. Уредот е направен во вид на кадифена играчка со облик на спортскиот автомобил и има вградено звучници од кои се слуша „режењето” на неговиот мотор. Како велат од Honda, играчката е настаната како дел од еден експеримент после кој инженерите на компанијата забележале дека звукот на автомобилскиот мотор има смирувачко дејство на доенчињата. Имено, се испоставило дека неговата фреквенција е слична на она што тие го слушаат во мајчината утроба пред раѓањето, како што се чукањето на нејзиното срце и звуците од протокот на крвта низ крвните садови. Таквите нискофреквентни звуци до 250 Hz, тврдат во Honda, се поклопуваат со ниските фреквенции што ги емитуваат нивните мотори.

Јапонскиот производител има експериментирано со звуци од 37 автомобили од различни временски епохи, меѓу кои беа Integra од 1986, Prelude од 1987, S2000 из 1999 и најновиот NSX. На крај има одлучено дека е најдобро интегрираниот звучник на играчката што се активира далечински да емитува звук на моторот на суперспортскиот NSX.

Видео

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER