Порше клуб Македонија го прослави петтиот роденден

Формиран од ентузијасти и вљубеници во марката, Порше клуб Македонија прерасна во општествено одговорна организација со многу остварени проекти.

За своето пет годишно постоење не само што ја негува традицијата и културата на марката, туку успеа, заедно со МВР и АМСМ да ја покрене иницијативата „Вози паметно, вози безбедно“ посветена на безбедното управување на спортски автомобили при групно возење и правила за организирање на групни автомобилски настани.

Возењето на Порше не значи дивеење на патот со голема брзина, тоа е задоволство што има правила на однесување и почитување на сообраќајните прописи на кои членовите строго се придружуваат.

За работењето на клубот и петтиот роденден пристигна поддршка низ целиот свет, од семејството Порше, признаени имиња од автомобилскиот спорт и братските клубови.

Претседателот на клубот, Г-дин Љупчо Грујовски изјави: “Пред пет години започнавме едно патување водени од една заедничка страст. Денес со гордост можам да кажам дека Порше клуб Македонија е многу повеќе од клуб и многу повеќе од автомобилите што не поврзаа.

Тоа се луѓето, пријателствата, патувањата, моментите и спомените што ги создадовме заедно. Ви благодарам што бевте и сте дел од оваа приказна. За сите нас, овие пет години се само почеток. За уште многу патувања, моменти и спомени што во иднина ќе ги создадеме заедно!“

Ни им честитаме на нашите пријатели и им посакуваме Порше клуб Македонија уште долго да постои и да продолжи по трасираниот пат!

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER