Ford Focus во фокусот на вниманието

Ford Focus во фокусот на вниманието

Со продажбата на 195 илјади примероци досега годинава, односно на 135 секунди по еден, Ford Focus се најде во фокусот на вниманието во Европа

Објавено на 5 декември 2019 година

Ford соопшти дека актуелната четврта генерација на Focus во првите десет месеци оваа година најде 195.000 купувачи во Европа, што значи дека на секои 135 секунди се продава по еден. Една друга математика кажува дека сметајќи ги сите генерации од 1998 година, до денес од овој модел се продадени преку 7 милиони примероци. За овој позитивен тренд да продолжи, Ford се погрижи да опфати сé поголем број нови потенцијални купувачи за кои подготви уште една верзија на Focus со назив Active X Vignale. Тој е комбинација на карактеристиките на Focus Active и побогатиот пакет опрема Vignale, што како резултат го даде возилото што го гледате – со дополнителни заштитни елементи на екстериерот, црн покрив со стандардни носачи, ЛЕД предни светла, кожа во ентериерот…

Оваа верзија е достапна како хечбек и караван, од кои и двете имаат бројни безбедносни системи за асистенција на возачот. Се споменува и второ ниво на автономно возење, но ние не би иделе толку во суперлативи. Место тоа би додале дека идната година гамата на Focus ќе биде проширена со благ EcoBoost хибриден модел со еднолитарски бензинец со 153 KS.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER