Ferrari Roma (со видео) » Не е за жени!

Не е за жени!

Ferrari официјално и комплетно ги обелодени деталите за новиот модел Roma

Објавено на 27 декември 2019 година

Некој ќе каже дека насловот е сексистички, но таков е и самиот автомобил – Ferrari Roma едноставно не е за секој – бил маж или жена не е битно, ако веќе сакаме да бидеме политички коректни. Тој е само за оние кои знаат и сакаат да ги ценат автомобилите, во нивната вистинска смисла. А нив, пак, детали како тоа дека има 620 коњски сили, дека постигнува повеќе од 320 km/h, дека забрзува до 200 за 9,3 секунди и другото, не ги многу интересираат. Тие ја гледаат пошироката слика, која ние ја пренесуваме со првото официјално видео кое ни пристигна од куќата од Маранело.

Видео

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER