Дизајнерски компас
Концептот Opel GT X Experimental нуди увид во иднината на развојот на марката
Објавено на 1 август 2018 година
Годишнината од преземањето од страна на PSA Opel ја одбележи со блиц-поглед на новиот концепт со ознака GT X Experimental, со кој марката ќе ни даде увид во сопствената иднина. Планиран за покажување до крајот на годинава, тој треба да ги посочи новите дизајнерски насоки со кои компанијата ќе се води во наредниот период, да биде еден вид дизајнерски компас. Во кој правец ќе покаже допрва ќе видиме – од Opel засега ни го сервираа само ова видео.
[su_youtube url=”https://www.youtube.com/watch?v=lG8h0ITfQmE”]