Свртување во вистинската насока за иднината
Dacia на салонот на автомобилите во Париз имаше третман на домашна марка, а и посетителите така ја доживуваа. Оправдано, бидејќи нејзиниот настап покажа дека овој производител чии возила имаат имиџ на евтини се свртува во вистинската насока за иднината. Најпрво со новиот визуелен идентитет кој им дава посериозен настап, а потоа и со првиот хибриден погонски склоп во гамата.
Спакуван е во каросеријата на хит-моделот Jogger и се состои од 1,6 литарски бензински мотор засилен со 49 електрични коњски сили. Вкупната моќност која се испраќа на тркала достигнува 140 коњи, а литиум-јонската батерија од 1,2 kWh дозволува краткотрајно возење во чисто електричен режим. Комерцијалното лансирање ќе биде во првата половина од идната година, по засега непозната цена. Друштво му правеа рестилизираниот Duster и електричното баги Manifesto кое со својот импресивен дизајн ги најавува идни технички ориентации на марката.