Cupra Ateca » Со дотеран изглед и ист мотор (со видео)

Top News Видео Новитети

Со дотеран изглед и ист мотор

Точно една недела по рестилизираната Ateca, Seat ја престави и обновената Cupra изведба

Објавено на 23 јуни 2020 година

Исто како и стандардната Ateca, така и обновената Cupra доби дотеран изглед инспириран од поновите модели на марката. Тој вклучува поинаква маска, редизајнирани браници и ЛЕД светла, нови тркала и пар други детали. Ентериерот е модернизиран со нов управувач и унапреден инфо-забавен систем, а опремата збогатена и со поширока листа безбедносни системи за помош на возачот. Моторот остана истиот 2,0 литарски турбо бензинец со 300 KS, но тој сега во комбинација со DSG менувачот ја забрзува Cupra Ateca до 100 km/h за 4,9 секунди (за 0,3 секунди побрзо) и дотерува до истите максимални 247 km/h. Таа и понатаму има погон на сите четири тркала, аеродинамични додатоци (преден спојлер, странични прагови, заден дифузор, заден спојлер на покривот), спортски издувен систем со четири цевки, спортско подесено ослонување, помоќни сопирачки, спортски седишта, управувач и педали, кожа во ентериерот…

Не е познато колкави промени ќе претрпи цената.

Видео

клучни зборови: , ,