Citroen ја освежи третата генерација на C3 (со видео)

Citroen ја освежи третата генерација на C3

Зголемени се можностите за персонализација од досегашните 36 на 97 надворешни комбинации, има 3 нови кровни налепници, 2 нови дизајни на тркалата и 3 атмосфери во внатрешноста

Објавено на 12 февруари 2020 година

Citroen го освежи моделот C3 кој доживеа еволуција на средината на животниот век на актуелната трета генерација претставена во 2016 година. Овој глобален бестселер на француската марка доби благи промени на дизајнот кои се огледуваат во новиот изглед на предниот дел налик на концептот CXperience од 2016-тата. Новодизајнираните предни светла се со ЛЕД елементи како стандард, а можат да се изберат и нови дизајни за Side Airbump надворешните заштитни елементи долж бочните страни на автомобилот. Задниот крај ги задржа глатките површини а светлата со својот 3-Д ефект сега повеќе се истакнуваат. Значајно за целната група купувачи на C3 е тоа што се зголемени можностите за персонализација од досегашните 36 на 97 надворешни комбинации а има и 3 нови кровни налепници и два нови дизајни на тркалата. Внатрешноста доаѓа со 3 новокреирани атмосфери и зголемена удобност, главно заради Advanced Comfort седиштата од C4 Cactus.

Промените во технологиите се во додавањето пар нови системи за помош на возачот, а моторите станаа поефикасни и усогласени со најновите Еуро 6 стандарди. Изборот и понатаму е меѓу  бензинските трицилиндрични PureTech 83 со петстепен и 110 со шестстепен рачен или автоматски менувач и BlueHDi 100 дизелот. Обновениот Citroen C3 ќе тргне со продажба за неколку месеци, по цени кои допрва ќе ги дознаеме.

Видео

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER