Citroen подготвува замена за C4 Cactus

Top News Занимливости Новитети

Citroen подготвува замена за C4 Cactus

Иако изгледа дека не е така стар, Citroen C4 Cactus се појави пред шест години и време му е за замена

Објавено на 10 април 2020 година

Редизајнот значително го освежи, меѓутоа Citroen C4 Cactus сепак има доволно години на плеќите за да се подготвува неговата замена. А таа и веќе не е некоја тајна, иако францускиот производител се труди да ја скрие од очите на јавноста. Заради тоа и не е докрај познато што сé ќе се менува. Најмногу шанси за тоа има дизајнот, иако сегашниот наиде на доста позитивни критики. Но тој сепак многу е сличен на C3 Aircross и можеби затоа не ги исполни докрај очекувањата за продажните резултати. Во поглед на тоа се зборува дека идниот Cactus ќе биде попровокативно дизајниран, со и понатаму подигната каросерија со препознатливи стилски детали и габарити кои се вклопуваат во стандардите на Ц-сегментот. Притоа често се споменува BMW X6, а што значи тоа не треба да ви објаснуваме. Не се знае ниту дали новиот модел кој истовремено треба да биде замена и за хечбекот C4 ќе биде заснован на платформата која PSA ја користи за C3 и 208 или пак на поголемата што се среќава кај C4 Space Tourer и C5 Aircross. Повеќе шанси да се искористи има помалата, бидејќи тогаш може да се очекува и чисто електрична верзија на C4 Cactus. Но ако пак се употреби поголемата, тогаш тој би можел да има хибридна верзија и погон на сите тркала.

клучни зборови: ,