Паркирал Rolls-Royce на 44-ти кат (видео)

Кога човек си го сака автомобилот… Ако имате доволно пари не е прашање дали нешто може да се стори Еден богат Кинез кој толку многу си го сакал автомобилот, решил да не го испушта од вид и да го паркира на 44-тиот кат од облакодерот каде живеел. Станува збор за Rolls-Royce Ghost кој е тежок […]

Škoda Superb – Во ноември доаѓа четвртата генерација

Во време кога трендовите наложија згаснување на лимузинските каросерии, Superb останува верен на класиката! Дека Чесите имаат свој пат и од него не се откажуваат најдобро покажува најавата на четвртата генерација на популарната лимузина од Млада Болеслав. Многу марки ги пратија во заборав седаните од средната класа заменувајќи ги со кросовери. Во инает на ова помодарство […]

McLaren Solus GT – Најбрз на Фестивалот на брзината во Гудвуд

Портокалово-црниот Solus GT оствари трето најдобро време во историјата на  Гудвуд Импресивен беше настапот на McLaren во неделниот натпревар докажувајќи дека е многу повеќе од ревијално дело инспирирано од концептот Vision Gran Turismo. Кога беше најавен настапот на Фестивалот на брзината во Гудвуд Solus GT важеше за еден од фаворитите за поставување на најбрзото време. […]

Porsche 718 Cayman GT4 RS – Подобрен сопствениот рекорд

Со помош на специјалниот кит Manthey поместени се границите за повеќе од шест секунди Нурбургринг и неговата Нордшлајфе се сметаат за светилиште на автомобилизмот. Со комплетот Manthey оптимизиран за употреба на патека извлечен е нов рекорд за моделот. Porsche 718 Cayman GT4 RS управуван од амбасадорот на брендот Јерг Бергмајстер го извозе Нордшлајфот на Нирбургринг […]

Покажана производствената верзија на Koenigsegg Gemera (видео)

Четири седишта и 2.300 коњски сили Koenigsegg го надмина своето ветување – првиот модел на шведската компанијата со четири седишта ќе има повеќе сила отколку што беше најавено Ако постојат супер и хиперавтомобили, тогаш за Koenigsegg Gemera можеме да кажеме дека е мегаавтомобил. Така го нарекуваат и Швеѓаните кои го создадоа, не само заради тоа […]

Ferrari KC23 – Еден единствен (видео)

Кога светот се гледа низ розеви очила… Одделението на Ferrari за специјални проекти разви уште еден исклучителен автомобил Специјално за еден неименуван клиент за кој од Маранело велат дека е еден од најстрасните колекционери на марката, Ferrari подготви уште еден исклучителен автомобил. Со каква внимателност е направен сведочи периодот од три години колку што се […]

VW T-Cross – Свеж стил и подобрен ентериер

T-Cross е визуелно и технолошки подобрен да остане успешен во натрупаниот сегмент Една од најконкурентните категории возила е сегментот на мали кросовери. VW има силен адут кој е одлично прифатен на пазарот. Теренскиот брат на Polo постигна завидни резултати на глобалниот пазар. Покрај нам познатото име T-Cross, на пазарите надвор од Европа се продава како […]

Премиера – FIAT 600e

FIAT ја проширува флотата на електрични возила применувајќи го препознатливиот дизајн врз платформата на Stellantis Најавуван онака како само италијанците знаат пристигна најновиот модел од Торино. Беше и крајно време бидејќи FIAT долго време нема извадено новитет. 600е доаѓа во вистински момент и со себе го носи свежиот ветер на електрификацијата. Шармантниот модел  ја дели […]

Triumph – Speed & ScramblerX

Познат по големите зафатнини, Triumph изненадува со два нови модели во класата од 400 ццм. Со ознаките Speed ​​и Scrambler, Triumph  лансира два нови модели. Естетскиот отисок е типичен за куќата додавајќи посебни зачини според намената на двата новитети. Заедно со нив претставен е потполно нов едноцилиндричен мотор од 398 ццм со моќност од 40 […]