Škoda Superb – Во ноември доаѓа четвртата генерација

Во време кога трендовите наложија згаснување на лимузинските каросерии, Superb останува верен на класиката!

Дека Чесите имаат свој пат и од него не се откажуваат најдобро покажува најавата на четвртата генерација на популарната лимузина од Млада Болеслав. Многу марки ги пратија во заборав седаните од средната класа заменувајќи ги со кросовери.

Во инает на ова помодарство Škoda направи потег за почит најавувајќи ја новата генерација на популарниот Superb во две каросериски изведби – седан и караван. Честа да биде камуфлирано прикажана и припадна на Combi каросеријата. Како што првично е објавено, тие се продолжени за четири сантиметри во должина и ја надминаа вкупната должина од 4,90 метри. Широчината е смалена за 15 милиметри, но не се одразува на просторот за главите кој е зголемен благодарение на малку повисоката контура. Каросеријата, поставена на 2.841 милиметар меѓуоскионо растојание, ќе има две должини.

Кај Superb седан таа ќе изнесува 4.912 мм додека кај караванот таа ќе биде пократка за еден сантиметар. Са задржува и лидерската позиција по прашање на волуменот на багажникот во својата класа со повторно негово зголемување, особено кај Combi ќе достигне 690 литри. За движењето се планираат три бензински и два дизел мотори. Во понудата прв пат ќе биде вклучитен и благ хибрид, како и приклучен хибрид со електрична автономија од околу 100 километри.

Што се однесува до нивната сила, таа ќе биде во опсег на моќност од 150 до 265 КС. Автоматскиот DSG менувач ќе биде стандарден. За пасивната безбедност се грижат десет воздушни перничиња, вклучително и едно меѓу предните седишта. Во согласност со своето мото Škoda во новиот Superb ќе вградуваат до 28 „едноставно паметни“ решенија кои во голема мерка ќе му ја олеснат работата на возачот а користењето ќе го претворат во задоволство.

Во новата генерација ќе бидат вклучени нови и подобрени електронски асистенти како новиот асистент за крстосница, асистент за свиоци ќе предупредува и за возилата кои доаѓаат од спротивната страна кога ги исклучуваат споредните улици. Ревидираниот преден радар сега ги препознава и велосипедистите. Има и камера со поглед од 360 степени. Новиот инфозабавен дисплеј има големина до 12,9 инчи. Повеѓе детали за Škoda Superb ќе се објават по летните одмори. Во прилог е и видеото со задолжителните геометриски шари.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER