Porsche 718 Cayman GT4 RS – Подобрен сопствениот рекорд

Со помош на специјалниот кит Manthey поместени се границите за повеќе од шест секунди

Нурбургринг и неговата Нордшлајфе се сметаат за светилиште на автомобилизмот. Со комплетот Manthey оптимизиран за употреба на патека извлечен е нов рекорд за моделот. Porsche 718 Cayman GT4 RS управуван од амбасадорот на брендот Јерг Бергмајстер го извозе Нордшлајфот на Нирбургринг за 7:03.121 минути. Ова го направи точно 6,179 секунди побрз од серискиот 718 Cayman GT4 RS. Пред сè, модифицирани се аеродинамичните компоненти и компонентите на шасијата. Покрај новите дифузори за воздух на предниот браник и над тркалата карбонските елементи на подвозјето ја подобруваат надолната сила на предниот дел. Задниот спојлер е 85 милиметри поширокшто го зголемува потисокот на задната оска и е прилагодлив во четири фази. Така е извлечен уште поголем учинок на фабричките 500 КС. Овој кит е чегален за секојдневна употреба и може да се нарача кај сите дилери на Porsche. Погледнете како изгледа од кокпитот на 718 Cayman RS GT4 засилен со китот Manthey да се поминат неполни 21 километар на „Зелениот пекол“ за 7:03.121 минути. Ова време е подобро за 6,179 секунди од адекватниот модел без кит.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER