McLaren Solus GT – Најбрз на Фестивалот на брзината во Гудвуд

Портокалово-црниот Solus GT оствари трето најдобро време во историјата на  Гудвуд

Импресивен беше настапот на McLaren во неделниот натпревар докажувајќи дека е многу повеќе од ревијално дело инспирирано од концептот Vision Gran Turismo. Кога беше најавен настапот на Фестивалот на брзината во Гудвуд Solus GT важеше за еден од фаворитите за поставување на најбрзото време.

Во неделата, беше управуван од Марвин Кирхофер и го заврши кругот на 3.809 метри долгата патека за 45,345 секунди со просечни 239,9 км/ч. McLaren Solus GT има 5,2 литарски V10, кој постигнува над 10.000 вртежи во минута и испумпува 817 КС и 648 Nm вртежен момент. Овој мотор е поврзан со седумстепен секвенцијален менувач кој му овозможува да достигне 100 км/ч за помалку од 2,7 секунди додека максималната брзина надминува 320 км/ч. Видете го и слушнете го овој луд McLaren…

 

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER