После 12 години враќање во Јапонија
Шестата генерација на Mitsubishi L200 дебитираше во Тајланд, каде се и произведува
Светски популарниот пикап кој во некои земји се продава како Mitsubishi Triton, дизајнерски не се суштински промени многу но клучните компоненти вклучувајќи ја и шасијата се нови. Главни пазари за L200 се Тајланд и Австралија, а за после 12 години се враќа и во Јапонија. Во плановите на компанијата Европа и Соединетите Американски држави никаде не се споменуваат. Официјално, овој пикап ќе биде лансиран во повеќе од сто земји ширум светот, а се очекува продажба од 200.000 возила годишно.
Шестата генерација на Mitsubishi L200 ќе се нуди со три типа на кабини, со исто меѓуоскино растојание за сите – 3.130 милиметри што е 130 повеќе од претходникот. Должината во зависност од изведбата варира меѓу 5.265 и 5.360 mm, а висината на прагот на товарање е намалена за 45 mm, на 820 mm. Ослонувањето напред е подобрено и има за 20 mm зголемен од, додека назад и понатаму е крута оска со лиснати пружини. Може да влече приколка до 3,5 тони тежина, што е за солидни 400 килограми зголемување.
За новиот L200 е определен само еден мотор, но со три нивоа на силина. Турбодизелот кој има работна зафатнина од 2,4 литри со изборот меѓу 150, 184 и 204 KS, шестстепен мануелен или автоматски менувач и погон на задните или два типа погон на сите четири тркала (класичен и со асиметричен централен самоблокирачки диференцијал) треба да ги задоволи потребите на сите купувачи. За навистина да биде така ќе се погрижат седум електронски контролирани режими на возење и колекција електронски асистенти на возачот меѓу кои и систем кој со кочење на внатрешното предно тркало го намалува радиусот на вртење.
Кабината е попространа, а седиштата напред се за 20 милиметри повисоки од порано. Инструмент таблата и воопшто целиот кокпит се прилично конзервативни – освен на мултимедијалниот систем нема копчиња или екрани чувствителни на допир. Физички прилично големите команди се задржани за да може да се оперира со нив во работни ракавици. Затоа списокот дополнителна опрема е доста проширен.
Цените на новиот пикап адут на Mitsubishi се познати само за Тајланд и стартуваат од ниски 18.400 евра. Согласно претходниот договор на алијансата, неговата шасија ќе биде искористена за идните генерации на Nissan Navara и Renault Alaskan.







