Nio ES7 – ВИДЕО

Кинезите имаат амбициозни планови околу електричните возила и планираат своите модели да ги прошират и да станат масовно прифатени. Nio влезе на интернационалната сцена пред само четири години а веќе го претставува својот петти модел, електричен кросовер ЕЅ7 чии димензии и перформанси се блиски до Tesla X. Со 653 коњи и автономија до 600 километри […]

Jidu – Robo 01

Електричен, автономен и народски Улогата на достапен и рационален БЕВ на себе ја превзема Jidu објавувајќи ги првите снимки на Robo-01, потполно електрично возило кое треба на пазарот да се појави во тек на идната година по популарна цена. По вокација кросовер, целосно е развиен од технолошкиот гигант Baidu и ќе го произведува Geely.

Авто Магазин – Нова премиера

Седмицата што заминува беше возбудлива на меѓународната автомобилска сцена па ни овозможи да ви подготвиме интересен колаж. Повеќе од јасно е дека азијските марки го превземаат приматот со префрлувањето на производство на електрични возила. Токму поради тоа формирана е Sony Honda Mobility, компанија која ќе произведува БЕВ и технологија за нив. Од Виетнам на Стариот […]

AUTOBEST GALA 2022 – ВИДЕО

Ноќ за помнење! За ова пишувавме, но сега имаме видео од Кабарето АУТОБЕСТ. Најголемото планетарно жири АУТОБЕСТ уште еднаш покажа зошто и на кој начин треба да се организира свечено предавање на наградите добиени за највредните остварувања во автомобилизмот за 2022 година. Овој пат во Стразбур, се случи 21. Гала вечер кој годинава тематски беше […]

Mercedes AMG One – ВИДЕО

Бомбона бизнис! Прикажан пред пет години како студија сега Mercedes AMG One се „чекираше“ на своето работно место. Од 1,6 литрен V6 и помош на четири електро-мотори тој развива 1.063 коњи и достига 325 км/ч! Нето цената од 2,75 милиони евра веќе ја платија сите 275 купувачи.

НОВА ПРЕМИЕРА – Авто Магазин

Во новата епизода на омилениот автомобилски серијал: Стразбур Гала вечер и доделувањето на наградите АУТОБЕСТ 2022, Луксузот се шири како шумски пожар, BYD втор по вредност автомобилски производител, Polestar се подготвува за терен, Porsche го прикажа болидот за Формула Е… Останатото нека остане изнендаување!

BMW X1 & iX1 – ВИДЕО

Баварче за мерак Три погони, многу технологија и задолжителниот мејкап се ударните точки на новата генерација на баварското компакно спортско-активно возило. Сега Х1 добива своја потполно електрична верзија и ќе ја предводи гамата во зголемување на популарноста на моделот.

Land Rover Defender 130 – Првиот официјален видео настап

Кога се спомнува Defender тогаш сите молчат и се повлекуваат. Како и да не, кога кралот на теренот се појавува во своето најголемо каросериско издание со ознаката 130. Сега тој е погоден за осум патници со подеднакво удобство за сите!

Авто Магазин – Нова премиера!

Смалувањето на загадувањето е приоритет на сите марки кои покрај возилата сакаат целото свое производство да го направат без испуштање на јаглерод во атмосферата. Минатата седмица помина во знакот на спортско-корисните возила. Дури четири новитети и тоа во премиум сегментот се појавија на пазарот, а иконскиот VW Golf го обележа две децениското постоење на својата […]

ВИДЕО – Maserati MC20 Cielo

Отворената изведба на МС20 ја покажува сета раскош на дизајнерската имагинација својствена за Maserati. Тризабецот од Модена нуди „небеско“ доживување и брутални перформанси, резервирани само за мал број среќници со длабок џеб