ВИДЕО – Aston Martin во прегратка на Geely!

Уште еден трофеј влегува во ловечката соба на Ли Шуфу. По одбивањето, сепак англичаните ја прифатија понудата на Geely да влезе во сопственичката структура на Aston Martin. Можеби симболично, но секако значајно…
ВИДЕО – Mercedes-AMG C63 E-Performance

Електрификацијата отвора нови хоризонти, особено во перформансите. Тоа на најдобар начин го користи AMG, перформансното одделение на Mercedes за да ја зголеми силата и намали цилиндрите на Mercedes-AMG C63 E-Performance.
ВИДЕО – Авто Магазин, нова епизода

Во новата епизода немаме многу прилози, но затоа ви носиме богати содржини: Кинеските марки полека, но сигурно влегуваат во Европа, Mercedes C AMG со двојно помалку цилиндри, Nissan X-Trail бензинскиот турбаш како генератор за струја, Ferrari SP51 уникатно остварување по нарачка, Тест Alfa Romeo Tonale Speciale…
ВИДЕО – FIAT Fastback

Од бразилската филијала на FIAT доаѓа нов модел за Латинска Америка. Fastback многу наликува на своите француски братучеди и нема амбиции да дојде во Европа… Барем за сега.
ВИДЕО – Ford Mustang

Во својата седма генерација Ford Mustang е поелектронски, но не и електрифициран. Сега е поаглест со мисија да се допадне на милениумците израснати на аркадни видео игри. По се изгледа дека во тоа ќе успее, а аргументите ќе ги видите во видеото.
Видео – Dodge Hornet

Во Европа се појави Alfa Romeo Tonale, а од другата страна на Атлантикот излезе американската интерпретација Dodge Hornet која не изгледа привлечно како италијанска но има посилни мотори и пониска цена…
Видео на денот – Автомобилите стануваа многу поскапи

Од кога започна пандемијата на Ковид 19 па до денеска автомобилите поскапеа во просек за 44%. За тоа има многу оправдувања, од карантините, логистичките предизвиц, недостатоци на полу проводници па се до војната во Украина. Но и тоа не ги оправдува споменатите 44% поскапување.
Видео на денот – Ferrari Purosangue

Во чест на своето 75 годишно постоење Ferrari го претстави својот прв модел со четири врати кој е 18,5 сантиметри издигнат од тлото. Во Маранело демантираат дека е ова спортско корисно возило и нагласуваат дека со својот V12 е чистокрвен Ferrari, Затоа и го доби името „чистокрвен“ (Purosangue)
Авто Магазин – Последната епизода од 26 сезона
Колку пари толку струја! Во последната епизода од 26-тата сезона правиме посебен осврт на електричните возила и непознаниците околу нив… Ве потсетуваме на напоредниот тест на 15 електрични автомобили и резултатите што ги добивме од два дена возење. Каде сме ние во електрификацијата?
Honda Dax 125 – ВИДЕО
Повикан во служба по 40 години пензија Honda го официјализира своето партнерство со Sony за производство на електрични возила, но тоа не значи дека се откажува од моторциклите. Во игра, по четири децении пауза, повторно се враќа легендарниот Dax 125.